На социјалните мрежи деновиве повторно се споделуваат стари слики од Бојан Јовановски, познат како Боки 13, а на кои е облечен како жена. Сликите се стари 10 години, од времето кога тој се натпреваруваше во реалното шоу „Фарма“. Тогаш Боки носеше фустани и здолништа, накит и штикли, а и се шминкаше.
Иако никогаш јавно не кажа колку заработил од учеството во шоуто, српските медиуми пишуваа дека неделно добива хонорар од 1200 евра.
Пред „Фарма“, Боки се натпреваруваше и во шоуто „Големиот брат“.