(Галерија) Јана Бурческа го прослави петтиот роденден на ќерката Дона

Дона, ќерката на пејачката и водителка Јана Бурческа, наполни 5 години. Роденденот го прослави во игротека, со торта еднорог, а Јана објави неколку фотки на социјалните мрежи. Пејачката, која ретко објавува семејни слики на Инстаграм, доби многу честитки од пријателите за роденденот.

Дона е постарото дете на Јана и Александар, кои го имаат и синот Дарин. Дека е бремена со Дона, Јана откри на полуфиналето на Евросонг, кога ја претставуваше Македонија. Во евровизиската разгледница, таа објави видео од ултразвукот и кажа дека чека бебе.

Во интервју за „Репортер“ неодамна Јана раскажа дека кога преку видеоразгледницата откри дека е бремена, а потоа и Александар ја побара за жена во живо, пред неколку милиони публика тргна лавината лоши коментари. Некои одеа и дотаму што тогаш ја навредуваа нејзината неродена ќерка.

„Тоа можам да го објаснам само со еден збор – патологија, не знам кој би можел да навредува и проколнува неродено дете. Што е детето криво, навредувај ме мене“, вели Јана.

Scroll to Top