(Галерија) Јован со семејството: новогодишна бајка во Канада

Композиторот и поранешен пејач, Јован Јованов, објави новогодишна фотосесија со сопругата Николина и ќерката Малеа. Фотографиите во празнична атмосфера го привлекоа вниманието на неговите пријатели бидејќи Јован ретко споделува фотографии од ќерката и сопругата на социјалните мрежи. Тие му коментираа дека е среќен што има толку убаво семејство.

„Среќни празници, драги пријатели“, напиша Јован, кој веќе неколку години живее во Канада, каде што денес се слави католичкиот Божик.

Инаку, неодамна за „Репортер“ Јован раскажа дека 2020 била многу успешна година за него. Тој неодамна освои три награди за филмска музика за филмот Petrichor, а е номиниран и за наградата „Најдобар продуцент“ на Hollivud Music in Media Awards.

„Огромна чест ми е оти ова е моја прва номинација за продуцент во Америка“, ни откри тогаш Јован.

Јован, кого јавноста го знае и како Џеј Џеј, од Македонија си замина во време кога музиката стагнира. Тој со музика се занимава повеќе од 20 години. Почна со групата „Магија“, преку соло кариерата, па компонира песни за македонските пејачи. По успехот во Канада, каде што има свое студио, сега планира да го освојува и центарот на музичката индустрија во светот и сака набргу да се пресели со семејството во Лос Анџелес.

Scroll to Top