Каролина Гочева, Пере од „Нокаут“ и уште неколку пријатели ѝ направија роденденско изненадување на Весна Петрушевска неколку дена пред нејзиниот 50. роденден. Со златни балони, порака „славиме 50“ и торта со свеќи, тие ѝ го честитаа роденденот во позната скопска гостилница, четири дена порано. Весна објави неколку слики и видеа на социјалните мрежи и воодушевена од изненадувањето, напиша дека ги има најдобрите пријатели на светот.
Фото: Инстаграм