(Галерија) Каролина растури со поп хитовите, ја врати публиката во најубавото музичко време и рече, ова ми е најубавиот концерт во живот

By

Поп-ѕвездата Каролина Гочева имаше концерт за паметење на стадионот на АРМ во Скопје. Повеќеилјадната публика буквално уживаше во секој рефрен оти со песните кои вчера ги отпеа Каролина, врати во најубавото време на македонската музика.

dobivaj vesti na viber

Особено што на стадионот на АРМ беа речиси сите оние генерации кои се журкаа пред дваестина години во диско на „Ајде да летеме“ или влегоа со добрата македонска музика во новиот „Миленум за тебе“ , а исто толку добро ко некогаш звучеше и  „Сакај ме“.

Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, хитовите  „За нас“, „Капка под небото“, „Не се враќаш“, „Се лажам себе“, беа она што одамна фалеше.

Тука беа и помлади генерции, кои одлично ги знаеја постарите песни на поп-ѕвездата, оти тогаш тие биле основци или тинејџери. Затоа пак , овие другите, кои  созреваа со песните на Каролина немаше стих кој не го пееја наизуст.

Најемотивен дел од концертот беше сеќaвањето на Тоше, кога прво ја испеа неговата „Твојте бакнежи на мојте бели кошули“, а потоа и дуетот „Немир“. Стариот спот од Тоше и од Каролина одеше на бим. Убави времиња на кои Каролина со достоинство и без лажна патетика се присети.

„Фала богу не ми заврна “, на шега вели од сцената Каролина.

И додаде: „ Да си го овековечам за спомен ова, првпат парвам фотка со публика. Ова е мојот најубав концерт во живот и стварно го мислам ова што го кажав“.

Ја вратија на бис за да ја отпее  „Хипокрит“, откако два часа имаше одлична музика и многу спомени.

Организатори беа „Авалон“ продукција кои направија концертот да изгледа светски.

Александра Георгиев
Фото: А. Јовановска 
 

Ќе ви се допадне