Македонскиот ракометар Мартин Поповски (27) ќе се жени за својата девојка Стојна Гогова. Тие се свршија по Нова година, на плажата Плаја Дел Кармен во Мексико. Мартин потоа на Инстаграм сподели неколку фотографии од романтичното запросување. „Таа рече да“, напиша поранешниот репрезентативец.
Поповски, пред Нова година го продолжи договорот со Амичитија Цирих и ќе остане во швајцарскиот прволигаш уште две години. Таму дојде од екипата на Пролет, а во кариерата настапуваше и за Вардар, Вардар Јуниор и Текстилец. Мартин играше за репрезентацијата на Македонија во времето кога селектор беше Лино Червар.