(Галерија) Љубовни и патриотски песни ечеа во Антички: Некст Тајм и Лозано одржаа концерт за паметење

„Некст Тајм“ и Влатко Лозаноски синоќа одржаа заеднички концерт во Античкиот театар во Охрид. Во преполниот театар настапија со бендовите, а публиката уживаше во љубовните балади на Лозано и преработките на стари патриотски песни на Мартин и Стефан.

Лозано го отвори концерот и ги испеа „Километри“, „Надеж“, „Јако јако“, „Сонце не ме грее“. Се потсети и на почетоците од кариерата и раскажа како ја запчонал во шоуто на Драган Вучиќ.

„Сакам со еден плауз да ја поздравиме Еми, која е со мене од моите почетоци, уште од „Мак ѕвезди“. Таа е еден од моите најверни фанови“, рече Лозано.

„Некст тајм“ ја подигнаа атмосферата и настапија со нивните преработки „Јовка кумановка“, „Крушево абер пристгна“, „Слушам кај шумат шумите“, а „Ја излези Ѓурѓо“ ја оставија за крај.

Публиката уживаше и во нивната авторска музика. Ги пееја „Ме остави сам да живеам“, „Нешто што ќе остане“, „Лице од рај“. Со нив настапи и познатиот музичар Николче Мицевски кој е автор на новите аранжмани на некои од песните. Се претстави и со своја авторска музика.

За потсетување, Лозано и „Некст Тајм“ оваа година настапуваа речиси насекаде низ земјата, а наскоро ќе ги објават и деталите за нивните турнеи преку океанот.

Scroll to Top