(Галерија) Македонка сними моден едиторијал за британско списание за венчаници

Македонскиот модел Сандра Цветкова, која подолг период престојува во Лондон, сними моден едиторијал за британското списание Wedding Ideas. Ова е едно од најпознатите списанија за венчавки во Британија. Таа за снимањето носеше неколку венчаници, креации на Боуен Драјден.

Сандра е дел од модната агенција BMA Models. Таа неодамна сними реклама за светски познатиот газиран пијалак 7 up. Цветкова веќе 5 години работи како модел, а кариерата ја почна во „Моделс ИН“ во Скопје.

„Таа е навистина е една од ретките која знае за професионалност и одговорност. Сандра работи одлично, а нејзините успеси го докажуваат она што и ние го знаевме – дека покрај нејзината убавина и шармантната насмевка Цветкова има храброст и доследност во нејзината работа. Искрено посакуваме вакви модели да нè претставуваат во светот“, вели Алек Наумовски, ко-сопственик на „Моделс ИН“.

 

Scroll to Top