Тинејџерката Мила Москов од Прилеп е македонскиот претставник на годинашната „Детска евровизија“ во Полска. Таа синоќа се појави на отворањето, но со лонгета на ногата, а в недела ќе настапи четврта со песната „Оган“ на Магдалена Цветковска – Ена и нејзиниот брат Лазар Цветковски.
Мила минатиот месец го промовираше и спотот за песната, кој го сними режисерот Даниел Јовески. Годинава на „Детската евровизија“ ќе настапат 19 земји. Финалето ќе се одржи во градот Гливице на 24 ноември.