(Галерија) Македонски тенисер е успешен модел во Америка

Најдобриот македонскиот тенисер во моментов, Ѓорѓи Поповски, од неодамна работи и како модел во Америка. Момчето со аристократска убавина, како што го нарекуваат во модниот свет, има понуда за работа од три модни агенции од САД, ни откри Алек Наумовски од „Моделс ИН“.

„Поповски има понуда од три различни агенции, но ние како матична агенција ќе одлучиме каде е најдобро да ја гради кариерата. Ѓорѓи го има тој индивидуален икс-фактор и совршено лице на модел, па за што и да се одлучи во иднина успехот му е на дофат. Неговата харизма и вроден шарм му даваат печат на вистински борец и џентламен“, вели Алек.

Ѓорѓи во моментов е најдобриот македонски тенисер. Тој сега живее во Америка и игра за престижниот „Алкорн Универзитет“.

Scroll to Top