(Галерија) Манекенката Викторија Ристовска во едиторијал за српското издание на магазинот „Ел“

Македонската манекенка Викторија Ристовска позира за едиторијал за српското издание на магазинот „Ел“. Манекенката е препознатлива по портокаловата коса и авангардниот изглед, а уредникот на списанието ја побара за фотографирањето на овој едиторијал.

„Пред две недели Викторија беше во Белград, каде што, покрај ангажманот за ова престижно списание, настапи и на Модната недела. Ристовска подолго време работи како модел, но последнава година се чини дека е нејзина бидејќи беше ангажирана за многу македонски дизајнери во нивните нови колекции, меѓу кои и Мите Занов, Димитар Бабков, Јована Филиповиќ, Христијан Младеновски“, велат од модната агенција „Моделс ин“, која е нејзина матична агенција.

Од таму најавија и дека во соработка со „Фокс моделс“ од Белград во моментот работат на нејзината интернационална кариера и подобар пласман на светската модна сцена.

Scroll to Top