(Галерија) Мина на Весна Бејби наполни 18 години: Роденденска журка во кафеана со Игор, Тамара и Тијана

Мина, ќерката на глумицата Весна Бејби, наполни 18 години. Полнолетство славеше во познат ресторан во Скопје, во друштво на пријателите, а имаше и златна торта во вид на срце. Меѓу гостите на роденденот беа и Игор Џамбазов, Тијана и Тамара, со кои и актерката и нејзината ќерка се многу блиски.

Весна, која често знае да каже дека Мина е најубавото нешто што ѝ се случило во животот, и овој пат со многу емоции го ѝ го честиташе роденденот на ќерка си.

„Мораме да ги учиме нашите ќерки дека ако можат да го искажат своето мислење, можат да создадат свет каков што сакаат. Мина среќна 18ка, те сакам до небото и назад“, напиша таа и објави слики од роденденската прослава.

Мина долги години е дел од актерската школа на својата мајка, а е дел и од проектот „Агенда 21“ што го снимаат Весна и Џамбазов.

Освен Мина, Весна го има и синот Кирил, кој повеќе од две години живее во САД кај својот татко Јанко.

 

Scroll to Top