(Галерија) Модерни и едноставни: Жените на македонските политичари

Во јавноста секојдневно ги гледаме политичарите, но она што секогаш е поинтересно е како изгледаат и кои се нивните сопруги.

Бујар Османи од ДУИ ,министер за надворешни работи,  постојано е во медиумите, но и на социјалните мрежи каде споделува фотографии од децата и својата сопруга, Валбона. Парот има две деца, ќерка и син.

Девојката на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Арсовски, е  Соња Тодорова. Таа е по потекло од Струмица, но девојката веќе неколку години живее и работи во Скопје. Тие се заедно неколку години, а преку социјалните мрежи објавуваат фотки на кои се гледа дека често заедно патуваат.

Во март годинава  вицепремиерoт за борба против корупција Љупчо Николовски се венчaше со Андријана. Тој сопругата ја побара за жена во Порторож, Словенија, а венчавката беше во Крива Паланка во манастирот Св. Јоаким Осоговски. Андријана е вработена во меѓународна компанија во Љубљана. Љупчо,  генерален секретар на СДСМ, и Андријана, се по потекло од Крива Паланка. Таму и започнала нивната љубовна приказна. По неколку години двојката ја раскинала долгата врска, а Андријана заминала во Словенија. По неколку години откако се разделиле, тие случајно се сретнале, па ја обновиле врската.

Сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, не сака многу да се експонира во јавноста. Таа може да се забележи во медиумите најчесто кога го придружува сопругот на важни настани. За време на изборите таа привлече внимание со црвениот фустан што го носеше на гласањето.

Костадин Костадинов, пратеник а беше и портпаролот на СДСМ, е во љубов со Марија Десанова. Тие се подолго време во врска, таа е од Битола, а парот живее заедно во Скопје.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев се ожени со својата долгогодишна девојка Ивана Анѓеловска. На венчавката тој носеше црн костум со црвена вратоврска, а Ивана избра сребрен коктел-фустан. Стефан и Ивана се верија во февруари по осумгодишна врска. Градоначалникот ја побара Ивана за сопруга со стил, со голема торта во форма на кутија за накит и со прстен изработен од фондан, на која пишуваше “Ќе се омажиш ли за мене“. Богоев е најмладиот градоначалник од СДСМ.

 

Scroll to Top