(Галерија) Најпознатите македонски манекенки од 90-тите повторно се вратија на модната писта

Јубилејот од 20 години од првата Модна недела одржана во Скопје, вчеравечер беше одбележан со гламурозна модна ревија во „Лимак“. На пистата како пред 20 години се појавија  Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчeвска, Армандо Чаволи, Коки Лондза и многу други.

Манекенките беа испратени со аплаузи кои не пресануваа во текот на целиот настан од многубројната публика која ја исполни големата сала на хотелот, дојдени да просведочат на модниот настан.

Тогашната прва Модна недела во Скопје и оваа јубилејната беа во организација на Мики Црнокрак и Милорад Цајиќ со нивните агенции Модното студио Црнокрак и Кворум моделс.

На ревијата манекенките кои беа дел и од првата Модна недела во Скопје, носеа модели од „Фешн Груп“.

Scroll to Top