Мелани, најстарата ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, наполни 15 години. Соња се пофали дека ќерка ѝ пораснала, па објави неколку слики, од моментот кога ја земале од болница како бебе, додека била мала, па сè до денес.
„Мелани, како да беше вчера кога се појави на овој свет. Го паметам моментот кога те погледнав првпат. Ти си нашиот живот.Среќен 15-ти ќерко“, напиша поранешната пејачка на „Фејсбук“, а од пријателите доби бројни честитки за роденденот на ќерка си.
Освен Мелани, Соња и Јохан имаат уште две деца, синот Младен (12) и ќерката Јована (4).