(Галерија) Пита, торта и радост еден тон: Таткото на Перо Камиказа славеше 93. роденден

Денес татко ми наполни 93 години, а со мајка ми се заедно близу 70 години, вели Перо Камиказа од „Меморија“, кој заедно со семејството во домашен амбиент го прославија роденденот на неговиот татко.

Низ неколку фотографии, Петар Георгиевски,  успеа да раскаже една убава семејна роденденска приказна.

“Исклучително горд на тоа дека на скоро 60 години, сеуште сум дете за тато и мама. Во услови на пандемија само скромен фамилијарен албумм, малку пита, торта и радост еден тон. Да даде господ уште долго да се радуваме на нивната љубов. И да, за историја не ми требаат разноразни комисии, имам жива македонска енциклопедија со бистар ум како на дечко“, додава Перо Камиказа, кој откако ја надмина болеста со ногата, повторно ги трча маратоните .

Scroll to Top