(Галерија) Познатите се пофалија со првите вапсани јајца

Денеска, на Величетврток, се вапсаат првите велигденски јајца пред изгрејсонце, кои треба да бидат црвени. Јавните личности кај нас водејќи се по обичаите и почитување на традицијата, веќе ги објавија првите фотографии со утринските велигденски јајца.


Црвени јајца во украсна корпа, сподели пејачката Викторија Лоба.


 

По неа и фолк пејачката Сузана Гавазова, која трите вапцани јајца ги сместила во украсна слама, како и Елена Петреска, Калиопи Букле и Верица Пандиловска.





По неа фотографии се редеа од ТВ-водителките Вера Мештеровиќ, Драгана Клопчевска, Снеже Велков, Милена Антовска и Лила Филиповска.

 

 

Scroll to Top