(Галерија) Публиката на нозе, ечи „Гурѓа“ за Вардар, се измешаа радоста и тагата

Еден од најемотивните моменти вчеравечер беше доделувањето на „Бубамарата“ на ракометрите на „Вардар“. Клубот изминатиов период се соочува со проблеми поради заминувањето на некои од најдобрите играчи, поради финансиските проблеми. Европските шампиони ја примија наградата за спортски успех, додека „Некст тајм“ ја пееја „Ја излези Ѓурѓо“. Ова е емотивен момент за кој ќе се  раскажува, оти целата публика беше на нозе.
Уште поголема топлина на приказната на овој настап ѝ дадоа специјалните гости, коментаторите од „Арена спорт“, Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ од Србија, кои со срце навива за „Вардар“  во Келн. И додека цала публика беше на нозе со овации и долг аплауз, а во салата ечеше „Ѓурѓа’“, се чувствуваше  колку не им е лесно на играчите на клубот кои  дојдоа по наградата.  Во публиката коментираа „Штета, пари немаат, клубот се распаѓа“.
Scroll to Top