Денешниот ден, 25 мај, некогаш беше Денот на младоста. Најпопулраниот ден во поранешна Југославија – кога славеше и роденденот на маршал Јосип Броз Тито. Се организираа слетови, како централни манифестации на празникот што го истакнуваше социјалистичкиот концепт на братство и единство.
На главниот слет, на стадионот на ЈНА во Белград, му претходеше носење на штафета, која беше симболот на 25 мај. Таа се носеше илјадници километри од Вардатр до Триглав, а во рацете на Тито ја предаваа познати спортисти и угледни младинци.
Денот на младоста ги инспираше и познатите македонски јавни личности, па некои од нив на свој начин и низ ретро фотографии се потсетија и на младоста и на Мрашалот…