(Галерија) Романтична венчавка во време на корона: Маријан Стојаноски се ожени со Наташа

Некогашниот поп-пејач Маријан Стојаноски се ожени со својата долгогодишна девојка Наташа Каранџуловска, која е во поодмината бременост. Со маски на лицето, покрај кејот на Вардар, Маријан и Наташа направија фотосесија, а сликите ги објавија на социјалните мрежи. „Фамилија Стојановски“, се пофали Маријан, а пријателите им честитаа и порачаа дека се многу романтични дури и во време на корона. Наташа носеше шарен фустан, а Маријан избра фармерки, кошула и палто.

Инаку, тие беа подолго време во љубов пред да се решат за брак. Се верија лани во декември.

Маријан долго време беше дел од музиката сцената и пееше поп-музика. Подоцна се повлече и продоложи да пее во хорот во Македонската опера, каде што работи и сега.

Scroll to Top