(Галерија) Сара Мејс се разголе четири месеци по породувањето

Четири месеци откако го роди синот Кирил, Сара Мејс се сликаше во долна облека за познат бренд. Фотосесијата ја направи неодамна, заедно со нејзиниот маж Димитар Атанасовски, а сликите деновиве ги објавува на социјалните мрежи.

„Ако внатрешниот глас ти вели дека не можеш да позираш, ти секако сликај се и со тоа ќе го замолчиш“, напиша Сара на една од сликите.

Пријателите велат дека пејачката и харфистка изгледа совршено и дека воопшто не се абележува дека неодамна се породила. Други, пак, ѝ напишаа дека е инспирација за жените и дека не треба да се срамат од своето тело дури и кога ќе имаат неколку килограми вишок.

 

Scroll to Top