(Галерија) Се омажи водителката Елена Стефановска, смени два фустани, а Никола Роквиќ направи свадбарска фешта

Водителката и авторка на емисијата „Живот со стил“ Елена Стефановска, се омажи со Бојан Најдоски.

Елена носеше бела венчаница со корсет и долг вел. По црковната венчавка, веселбата продолжи во познат скопски хотел. Гостите, младенците ги пречекаа со аплауз и пиротехнички средства, а во позадина свиреше „Бела чао“.

Павле Камиловски отпеа италијанска песна за првиот танц на Елена и Бојан. Гостите ги забавуваше српскиот пејач Никола Роквиќ и направи незаборавна фешта на свадбата. Забавата траеше до доцна во ноќта.

Елена објави фотогрфаии и видеа од веселбата на која освен класичната венчаница, одбрала и кратко бело здолниште.

„Со Бојан се запознавме во италијански ресторан во Скопје. Двајцата сакаме да патуваме, ја обожаваме Италија, па затоа и свадбата ќе биде во тој стил. Венчаниците се готови, сите детали се спремни и сега само го чекаме денот на свадбата“, кажа Стефановска за Репортер.

Елена и Бојан се свршија за Нова година во Москва, а водителката тогаш кажа дека не очекувала Бојан да ја побара за жена и дека тоа бил еден од најубавите денови во нејзиниот живот. Пред неколку дена Елена беше на викенд во Грција со другарките и таму ја направија нејзината моминска забава.

Scroll to Top