(Галерија) Синот на Тијана стана тинејџер, пејачката низ фотографии ја сподели роденденската честитка за Вук

Вук, синот на познатата пејачка Тијана Дапчевиќ, денеска наполни 13 години. Таа му го честита роденденот со неколку фотографии на Инстаграм.

„Син на мајка. ️Среќен 13-ти, да си здрав и среќен, те сакаат мама и тато. П.С. сега официјално си тинејџер, напиша таа под објавата.

За потсетување, во една прилика Тијана изјави дека Вук е нејзина копија. Таа сподели фотографија на која направи споредба помеѓу себе и нејзиниот син. Двете фотографии се од времето кога и Вук и Тијана биле бебиња, двајцата во иста поза.

Scroll to Top