(Галерија) Столе Димитриевски е најдобро облечениот голман во шпанската лига

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, сними моден едиторијал за шпанскиот онлајн магазин 25Gramos, во соработка со „Минишоп Мадрид“. Столе, кој е голем љубител на модата, во разговор за „Репортер“ вели дека не размислувал многу кога му понудиле да направи фотосесија.

„Минишоп е продавница од Мадрид каде што се промовираат нови креатори, а креираат и самите сопственици на продавницата. Дечките ги знам одамна, пријатели ми се и ми понудија соработка што ја прифатив. Сега заедно спремаме нешто ново што ќе го реализираме по летото“, ни кажа Столе.

Тој во интервјуто, кое е насловено „Фудбал и мода со најдобро облечениот голман во Ла Лига“, зборува за кариерата, но и за љубовта кон модата и кафето. Вели дека отсекогаш сакал да се облекува убаво и различно од другите, но дека долго време експериментирал додека да го пронајде својот стил.

„Сакам да бидам иновативен, сакам да го подобрувам стилот. Мајка ми исто така сака мода и мислам дека е во голем дел заслужна за мојот вкус за облекување. Модата е во моите гени“, вели голманот на Рајо Ваљекано.

А.Ј

Scroll to Top