(Галерија) Тамара се забавува на Маврово: Викенд на снег со семејството

Поп-пејачата Тамара Тодевска е на викенд на Маврово со семејството. Дека Хана и Дарин уживаат во снегот што паѓа таму, но и дека се забавуваат дома, Тамара покажа со неколку слики и видеа на социјалните мрежи. Таа се пофали дека со децата направиле и Снешко.

Пејачката последниве месеци често оди на Маврово со сопругот и децата, а понекогаш со нив се и нивни пријатели. Претходно, во време на карантинот заради короната, Тамара со фамилијата неколку месеци беше во Гевгелија, каде што живее семејството на нејзиниот маж Александар.

Фото: Инстаграм

Scroll to Top