(Галерија) Тамара со мајка си Брана на женски викенд во Истанбул

Пејачката Тамара Тодевска беше на викенд во Истанбул со нејзината мајка Брана. Тие се прошетаа низ туристичките делови на градот, па беа во Топкапи, ја посетија Аја Софија, домот на Хурем Султан, а вечераа и во познат ресторан во градот. Тамара објави неколку фотки од женскиот викенд и покажа како се забавуваат.

„Мајка и ќерка, прекрасно поминато време во Истанбул“, напиша таа.

Пејачката често оди во Истанбул и не крие дека секогаш си поминува убаво. Во 2004 година Тамара беше таму како придружен вокал на Тоше Проески на Евровизија, а пред неколку години дојде во градот и за свадбата на бизнисменот Сефер Цаноски, кој им е венчан кум на Тамара и нејзиниот сопруг Мачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Scroll to Top