Поп-пејачката Тамара Тодевска вчера славеше роденден. Таа наполни 35 години, а роденденската забава беше со нејзиното семејство и блиски пријатели. Таа сподели неколку фотографии од роденденот со сопругот Александар и двете деца, Хана и Дарен.
Тамара наздрави и со Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова. Таа сподели и неколку фотографии од нејзините пријатели кои ѝ честитаа на социјалните мрежи, меѓу кои од сестра си Тијана, Каролина Гочева и Катарина Ивановска.