(Галерија) Тања Лазаревска качена на стол лепеше пари на музичарите, со Анета Молика направија џумбуш во Мелбурн

By

Анета и групата „Молика“ се на турнеја во Австралија и веќе имаа настап во Мелбурн. Меѓу гостите беа и пејачите Тања Лазаревска, Маријана Новачевска, Новица Василевски. Анета направи вистински џумбуш, па ги крена на нозе гостите во ресторанот каде што пееше. Додека се редеа нејзините хитови и најпопуларните македонски народни песни, сите играа, а Тања Лазаревска се качи на столче и почна да му лепи долари на саксофонистот. За мерак на сите гости, Анета и Тања запеaја заедно.

dobivaj vesti na viber

Неколку видеа и фотки од концертот на „Молика“ Тања објави и на социјалните мрежи.

„Три грации, три генерации“ напиша таа на сликата на која е со Анета и Маријана, а пријателите коментираат дека им годи заедничката дружба.

Ќе ви се допадне