(Галерија) Татко ми беше Џим Кери на своето време: силен аплауз и емоции за концертот посветен на маестро Александар Џамбазов

By

Вчеравечер во Македонската филхармонија се одржа концерт посветен на маестро Александар Џамбазов и музиката што тој ја твореше речиси половина век. Многу измешани емоции, аплаузи, насмевки и солзи меѓу присутните, кои речиси два часа уживаа во песните што ги создаваше легендарниот композитор во текот на својата долга кариера.

dobivaj vesti na viber

„Тука сме да ја славиме музиката на Џамбазов, а не да го жалиме“, рече на почетокот на концертот неговиот син Игор и раскажа неколку анегдоти за својот татко, кој почина на почетокот на годината.

„Татко ми беше Џим Кери за тоа време. Кога ќе се скараа тој и дедо ми Петре, дедо ми знаеше да ми каже дека јас сум убав на него, а талентиран за музика на мајка ми“, раскажа Игор.

Познатиот шоумен и глумец откри и дека организаторите го поканиле да пее на концертот, но тој ги одбил.

„Немаше да личи јас да пеев со Филхармонијата. Можеби во некој друг живот“, рече Игор.

Концертот почна со танцови варијации за пијано и симфониски оркестар, кои ги свиреше Елена Атанасовска-Ивановска, а кои маестро Џамбаз ги создал 1977 година. Иво Настевски продолжи со „Реминисценција за ревиски оркестар“, „Балада за Шпато“ и „Рапсодија за Скопје“. Антонија Гиговска ја испеа „Охрид и јас“, продолжи Александар Тарабунов со „Љубов неверна“, па Пере Нокаут ја пееше „Само ти“. Концертот на Филхармонискиот оркестар заврши со силен аплауз и настапот на Наде Талевска, која со многу емоции ја пееше „Довидување“.

Концертот посветен на музичкиот опус на маестро Александар Џамбазов беше хуманитарен, а парите од продажбата на билетите ќе се донираат на Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс-МК“.

Ќе ви се допадне