Екипата на македонскиот докумен филм „Медена земја“ вчера се дружеше со холивудските ѕвезди во театарот „Долби“ во Лос Анџелес на традиционалниот ручек кој Академијата за филм го организира во чест на номинираните за „оскарите“. На забавата македонската екипа се дружеше со Ал Пачино и Роберт Де Ниро, но и со режисерот Квентин Тарантино и Бред Пит.
„Само да разјасниме, јас не стоев до него, тој стоеше до мене“, вака на шега ко-режисерката на „Медена земја“, Тамара Котевска, ја искоментира фотографијата на која стои со холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо.
Котевска и нејзините колеги кои работеа на нашиот документарец кој е номиниран во дури две категории за најпрестижната филмска награда „Оскар“.