Еден месец откако го роди синот Зен, Туна повторно се врати на формата пред породувањето. Таа се прошета во Дино паркот во Скопје со синовите Тиан и Зен, а фотките ги објави на Инстаграм. „Еден месец, а мојата љубов кон тебе само расте“, напиша таа.
„Како да не си родила“, „Презгодна си“, „Секогаш во топ-форма“, се дел од коментарите што ги осавија фановите на пејачката.
Туна, која ја криеше бременоста од јавноста, на 9 мај објави слики од моментот кога го раѓаше вториот син. Оттогаш таа неколку пати сподели слики од деновите кога беше бремена, а потоа и слики од бебето.