(Галерија) Велешанецот Александар ја крена Карлеуша во раце среде емисија

Откако пред две години Јелена Карлеуша го крена во раце Александар Темелков и предизвика смеа во студиото на „Гранд“, овојпат, македонскиот пејач ја крена неа. Александар од Велес, се натпреваруваше во второто коло од музичкото шоу, па кога заврши со пеење, Саша Поповиќ го потсети на случката од пред некоја година.

„Се сеќаваш ли кога Јелена те крена и те носеше? Можеш ли сега ти да ја кренеш неа?“ го праша Саша, а Александар му одговори дека може и ја викна Карлеуша да излезе на сцената. Откако ја крена, таа го гушна и му рече дека пораснал.

На крајот, Александар со три гласа влезе во баражот, а потоа успеа да се пласира и во третиот круг од натпреварувањето.

(Видео) Велешанецот Александар ѝ пееше на Карлеуша „Кило горе, кило долу“

Scroll to Top