(Галерија) Виски, сатен и торта: Фешта за роденденот на Гавазова

Фолк-пејачката Сузана Гавазова го прослави 40. роденден. Таа направи голема журка во познат ресторан во Струмица, а меѓу гостите беа нејзините најблиски, роднини, пријатели и двете ќерки. На забавата и дојдоа и колегите од естрдата. Фолк-пејачите Благоја Грујовски, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Сани, момците од „Балкан бенд“ и „Дрим Тим“.  Се славело до доцна во ноќта, а речиси сите пееле на забавата на Гавазова. Пејчката наздравувала со виски, а гостите биле многу расположени. На крајот од вечерта таа ја пресече роденденската тортата на три ката. За родеднденската журка, фолк-пејачката избра црвен сатенски фустан со  шлиц до колк.

Сузана Гавазова долго време е на музичката естрада. Таа живееше во Шваајцарија, но изминатиов период е во Македонија. Таа подолго време е во брак со Јасмин, со кого има две ќерки.

Scroll to Top