(Галерија) Влатко Стефановски првпат настапи во Тирана

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски за првпат одржа концерт во Тирана, Албанија.Тој настапи во рамките на Албанскиот гитарски фестивал заедно со неговиот син Јан на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара.

Директорот на македонскиот Културно -информативен центар во Тирана заедно со Денис Бижга, диркетор на „Albania guitar festival“ го овозможија овој прв концерт на Стефановски во Тирана.

Фото: Културно-информативен центар на Македонија во Тирана

Scroll to Top