(Галерија) Водителката Александра Илиевска славеше роденден на ќерката: забава од џунглата за Сара

Водителката Александра Пановска-Илиевска направи журка за првиот роденден на ќерка си Сара. Забавата беше инспирирана од џунглата и животните што живеат во неа, со многу балони во зелени и златни нијанси, но и торта и колачи со омилените животни на Сара.

„Една година радост“, напиша познатата водителка и објави неколку фотографии на „Инстаграм“.

За потсетување, поранешната водителка на „Брза кујна“ лани го роди своето прво дете. Веста ја сподели неколку дена по породувањето на „Инстаграм“. Таа не ја криеше среќата и тогаш рече дека соништата стануваат реалност.

Scroll to Top