(Галерија) Згоден тренер ја вежба Ирена Спасовска

Фолк-пејачката Ирена Спасовска веќе некое време оди во вежбалница. Таа постојано објавува слики додека вежба заедно со нејзиниот тренер и се пофали дека со вежбање го одржува телото во форма. Ирена вежба напорно скоро пет месеци, а под сликите што ги објавува на социјалните мрежи, добива коментари со поддршка, како „Браво Ирена, само напред, изгледаш одлично“. Но, има и коментари дека „не случајно го одбрала тренерот, оти бил многу згоден“.

Ирена последниве години често патува, ем приватно, ем за да има настапи. Таа неодамна беше на Малта каде што одржа неколку концерти, а претходно објавуваше слики од патувањата во Египет и Катар.

 

Scroll to Top