Гаро Тавитјан во најголемата американска музичка компанија

Македоснкиот музичар  Гаро Јуниор Тавитјан од неодамна е артист на најголемата компанија во музичката индустрија за тапани и палки во светот „ВИК Фирт“, со седиште во САД. Меѓу ексклузивните артисти на оваа компанија се најголемите и најзначајни тапанари во светот како: Дејв Векл, Вини Колиута, Бади Рич, Чарли Вотс („Ролинг стоунс“), Стиб Гад, Били Кобам, Омар Хаким („Ведер рипорт“),Нико Мекбреин („Ајрон Мејден“), Роџер Тејлор („Дјуран дјуран“), Роџер Медоус („Квин“), Тони Ројстер Јуниор, Џоџо Маер, Ерик Харланд, Нети Смит и други.

“За мене огромна чест е привилегијата да се биде дел од големото семејство на овој светски бренд. Благодарност до мојата Мајка за безрезервната подршка и љубов низ досегашниот 25 годишен музички пат исполнет со безброј концерти, снимања и патувања. Посебна благодарност до компанијата Vic Firth за објавувањето на ова видео кое го снимивме специјално за нивниот светски официјален канал“, вели Гаро Јуниор  .

 

Scroll to Top