Фолк-пејачката Сузана Гавазова е во Америка со сопругот Јасмин и двете ќерки, Емели и Селена. Сузана во САД ем пее, ем ужива со семејството. Откако неколку дена се забавуваа во Мајами, Сузана пееше на македонска свадба во Индијана, а сега се во Њујорк. Таа објави фотки од Тајмс сквер, омилената туристичка дестинација во градот, а откри и дека ги посетиле познатите Хадсон јардс.
„Прекрасно семејство“, ѝ коментираат фановите на Инстаграм.
Сузана одамна не пеела во Америка, но постојано настапува во Швајцарија и Германија каде што пее за балканските иселеници. Таа последните години времето повеќе го поминува во Македонија, отколку во Швајцарија, каде што живееше долги години.