Гитаристот Филип Букршлиев е најдобар млад џез-музичар за 2021 година

Гитаристот Филип Букршлиев е избран за најдобар млад џез-музичар на Скопскиот џез фестивал. Фестивалот оваа награда ја доделува петта година по ред. Тој се појави на домашната музичка сцена како фронтмен на бендот „Фајтинг виндмилс“, а последните години повеќе се фокусира на џез-музиката.

Букршлиев, кој е познат и како композитор, важи за еден од најбараните македонски џез-гитаристи. Последниве пет години тој е вклучен на околу 20 различни музички проекти. Наградата за најдобар млад џез-музичар ќе ја добие на 24 октомври, на затворањето на 40. Скопски џез фестивал, кога ќе има настап во кино „Фросина“.

Пред Букрлиев оваа награда ја добија тапанарот Виктор Филиповски, клавијатуристот и пијанист Филип Димишковски, басистката Андреа Мирческа и гитаристот Иван Петровски.

Scroll to Top