Откако се појави спотот и песната во кој учествуват поголемиот дел од естрдата во поддршка на реферандумот „Излези ЗА европска Македонија“, се најде засегната пејачката Нина Јанева. Таа на своите колеги им кажа дека си го продале името за три-четири илјади евра, и дека “го ебале името што со векови е градено и дека сега власта ги шлакнала по газето“. Таа кажа дека за неедни пари немала да си „ги даде името и крвата“. На музичрите им им порача дека се срами што ѝ се колеги.
Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Владо Јаневски, Виолета Томовска, Бени Шаќири, Ѓоко Таневски, Дарио, Драган Спасов – Дац, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Дани, Викторија Лоба, се дел од имињата кои ја изведуваат референдумската песна, а за кои Нина не штедеше на зборови.