Поранешната пејачка Искра Трпева веќе подолго време не е на музичката сцена. Таа откако остана бремена и се породи со ќерката Ангела, целосно се повлече од јавноста и се посвети на мајчинството. Денес работи како професор во музичко училиште. Неодамна таа сподели семејна фотографија на Фејсбук, каде што напиша дека ќеркичката Ангела е сè во нејзиниот живот.
Ангела во јуни наполни седум години, а Искра повеќе од десет години е во брак со поранешниот фудбалер, а сега професор по физичко воспитување, Благоја Арсовски.
Пред девет години пејачката се соочи со животна трагедија кога го изгуби синот Петар. Сепак, ќерката Ангела успеа да ја врати нејзината насмевка, изјавила во една пригода Искра Трпева.