Горан Пандев и Иџе заедно на кафе во Џенова

Автомобилистот Игор Стефановски Иџе, се сликаше со македонската фудбалска легенда Горан Пандев во Џенова, Италија пред да замине во Франција на Европско првенство.

„На пат према Франција, кај братот Горан Пандев на кафе во Џенова“, напиша Иџе.

Инаку Иџе од 14-ти до 16-ти април ќе престојува во Франција каде ќе учестува на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки.

Помеѓу 190 пријавени натпреварувачи, единствен Македонец е Иџе.

„Посакајте ни среќа и очекувајте добра трка“, најави Иџе.

Scroll to Top