Горан Стефановски и Зафир Хаџиманов постхумно одликувани со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија одликува неколку еминентни личности од јавната македонска фела со Орден за заслуги за државата.

Постхумано се одликувани драматургот Горан Стефановски за исклучителен и неповторлив придонес во континуитетот и во осoвременувањето на книжевното културно наследство, пејачот Зафир Хаџиманов за огромниот придонес во специфичниот полижанровски развој во сферата на уметничкото творештво и албанологот Ремзи Несими за неговиот траен придонес во филолошките науки и албанологијата во нашата земја и во светот воопшто.

Меѓу наградените е и Живко Мукаетов, првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), за професионалните стандарди во фармацевтската индустрија и за неговата филантропска култура и општествена одговорност.

Scroll to Top