Гордана Јанкулоска го покажа синот Петар

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и објави прва слика од синот Петар. На двете фотографии, таа е во дрес на „Ливерпул“ – на едната во поодмината бременост, а на другата со едномесечниот Петар, кој исто така носи црвен дресов од омилениот фудбалски клуб на Јанкулоска.

„Го поддржуваме ‘Ливерпул’. Мај наспроти јули“, напиша екс-министерката на сликата на која ја објави на социјалните мрежи.

Јанкулоска се породи на 28 јуни во приватна болница во Скопје. „Добри сме со бебето. Изборот на името е моја и желба на сопругот. И на двајцата многу ни се допадна името Петар, за нас тоа име има посебно значење”, изјави Јанкулоска за „Репортер“ веднаш по породувањето.

Ова е прво дете на ексминистерката Јанкулоска и нејзиниот сопруг Влатко Илиевски, со кого се омажи во 2010 година.

(А.Ј)

 

Scroll to Top