Градоначалничката Данела Арсовска не дојде на доделување на наградите „13 Ноември“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вчера не присуствуваше на свеченоста за доделување на наградата на Град Скопје „13 Ноември“. Секоја година скопските градоначалници традиционално присуствуваат на Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор и воедно ги доделуваат наградите.

Годинава тоа го сторија од жири комисијата, а Арсовска не присуствуваше и на свеченоста во Филхармонија, која покрај со врачување на наградите се одбележа со балетска претстава посветена на ослободувањето на градот пред 77 години.ж

Беа доделени награди од областа на науката, образованието и воспитанието,од областа на културата, здраството. На 1 ноември беше спроведено тајно гласање од страна на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември” на Град Скопје, по што претседателката на Комисијата, Вангелина Мојановска ги соопшти добитниците за 2021 година.

 

Scroll to Top