Греено вино и забава на снег, Тамара ги однесе децата на Маврово

Поп-пејачката Тамара Тодевска е на зимување во Маврово со синот и ќерката. Објави фотографии на „Инстаграм“ од Хана и Дарен, кои уживаат на снегот, додека таа се топли покрај камин со чаша греено црвено вино. Со Тамара на зимување е и нејзина пријателка со своите деца, па двете дами преку фото и видеа покажуваат како се забавуваат.

Тамара често оди во Маврово и објавува слики од времето поминато таму.

Пејачката последниов период е актуелна со настапите во Скопје, а медиумите пишуваа и за нејзиниот развод од сопругот Александар со кого беше 7 години во брак.

 

Scroll to Top