Хоакин Феникс е фан на Атиџе

Глумецот Хоакин Феникс, кој годинава доби „Оскар“ за најдобар актер во улогата на „Џокер“, изјавил дека е голем фан на Атиџе Муратова. Ова со новинарите го сподели Самир Љума, еден од кинематограферите на документарецот „Медена земја“.

„Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе. Исто и Тод Филипс, кој е режисер на ‘Џокер’. Но и уште многу други беа воодушевени од филмот. Се надевам дека ќе ги објавиме и фотографиите од тие дружби“, изјави Љума.

Покрај Феникс, и американскиот глумец Вендел Пирс сподели на „Твитер“ дел од впечатоците од дружбата со Атиџе. Вендал во јавноста е најпознат по улогата на Роберт Зејн во серијата Suits, каде што го глумеше таткото на Рејчел Зејн, ликот што го играше Меган Маркл пред да се омажи за принцот Хари.

„Атиџе Муратова е ѕвездата на ‘Медена земја’. Само што ја сретнав на забавата на наградите. Таа целосно го заслужува вниманието што го добива. Ослободување. Во оваа точка од нејзиниот живот таа е слободна. Господ да ја благослови. Награда за грижата што ѝ ја даде на нејзината мајка. @HoneylandDoc“, твитна Пирс.

Scroll to Top