Хуманитарна акција вечер пред ТЦ Бисер со Панчо и Андреј од срце за Лео

Вечерва (23.08) Панчо и Андреј од ДНК од 20 до 22 часот ќе бидат позиционирани во трговскиот центар “Бисер” (Аеродром) пред самите централни скали  каде што ќе собираат парични средства кои му се потребни на Леонид за понатамошно успешно лекување. Ќе донесат цедиња од нивниот нов албум, а парите од купените цедиња ќе одат за лекување на  Леонид.
„Трогнати од целата ситуација, немилиот настан и несреќата која му се случи на младиот Леонид, решивме директно да се вклучиме во хуманитарната акција и заедно со сите вас да помогнеме и излеземе во пресрет во рамките на нашите и ваши можности. Веднаш после хуманитарниот настан, собраните средства ќе бидат предадени на неговите родители. Цедињата ќе немаат цена, секој ќе може да земе и остави онолку колку може и сака. Секое “купено” цеде ќе бидат потпишано од нас, а исто така ќе бидеме достапни за маалски муабет, дружење и по некоја фотка доколку некој од вас изрази желба. Оние кои нема да успеат да дојдат, би ви биле преблагодарни само да го споделите овој пост се со цел да допре до повеќе луѓе и доколку сте во можност да донирате преку вртење на телефонските броеви на Телеком (143-118) и A1 (143-500). Се гледаме вечер во Аеродром пред Бисер во 20 часот за уште еднаш заедно да покажеме и докажеме дека љубовта на крај секогаш победува“, велат од ДНК.  И додаваат : Ќе имаме клавијатура и гитара па ако се покажете доволно хумани и добри заедно ќе испееме и некоја ДНК песна. 
За потсетување, по несреќата која му се случи на Леонид во Грција, и е на лекување во Солун, потребни се средства за болничкиот третман за тој да може повторно да застане на нозе.
Scroll to Top