И глумев фраер во кола на Светлана пред да се вљубиме: Црнокрак прославија 25 години брак

Мики и Светлана Црнокрак денес слават 25 години брак. Љубовната приказна која почнала на модната писта и денес се уште трае, а двојката ги има ќерките Моника и Нина.

За нивната љубов, тој ни раскажа неодамна во Репортер, кога за една модна ревија која ја организирал сега покојниот Марио Липша, требало Мики да ја земе со кола Светле и да одат заедно на ревија накај Битола.

„Кога разбрав дека треба да ја земам со кола Светлана и да одиме накај Битола, нозе ми се пресекоа. Таа веќе беше мис на Македонија.  По пат јас возев и еден другар со нас, ама не ѝ правев муабет цел пат за да глумам фраер. Ама во Битола се случи хемијата додека настапуваме. “, искрен е Мики за Репортер.

Свадбата ја правле на 11 октомври, и дента многу врнело дожд, ама Мики вели тоа го сфатиле како добар знак и бериќет.

Денес имаат две ќерки Нина и Моника кои се 13 години разлика, кои исто така тргнаа по стапките на своите родители.

Scroll to Top