„Иако сум муслиманка, го избрав Серјожа“, Аделина Тахири раскажа за бракот

Поп-пејачкта Аделина Тахири која пред неколку месеци се поради со синот Јон, кој го има од бракот со адвокатот Серјожа Марков, раскажала дека идејата за името на бебето, кое е библиско, била заеднчка, нејзина и на нејзиниот сопруг.

„Името е библиско, но мене тоа не ми пречи, иако сум муслиманка. Освен тоа Јонското море го има и во Албанија и во Грција, а Јоже е Егеец од Костур. Јонското Море ги поврзува двете држави. Сакавме кратко име, име кое одговара на презимето Марков, е само тоа е причината, без никаква предрасуда“, рекла Тахири за 7дена.мк.

Таа раскажала и за тоа како се вљубила во Серјожа, со кого предходно биле пријатели. Една година ја молел да отидат на кафе. Тахири раскажала и за адвокат Серјожа Марков и откри како го прифатиле нејзиниот сопруг бидејќи се од различна националност.

„Еден ден му реков: Јоже, јас треба да избирам меѓу тебе и татко ми и брат ми. Тие нема да прифатат. Тој, пак, ми одговори: Аделина, животот е многу краток и треба да го правиш тоа што ти го чувствуваш. Секако, одлучив да бидам со него. Зошто треба да имам предрасуди? Зошто треба да живеам за туѓи животи? Секако дека треба да живеам за себе. Моите многу добро го прифатија и тој и татко ми сега се многу блиски. Јас навистина сум многу среќна жена“, рекла Тахири.

Scroll to Top